сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

1.313 повици на „Ало докторе“ за една недела

alo-doktore-500

Поврзани вести

Вкупно 1.313 повици се регистрирани во текот на изминатата недела на телефонската линија за медицински совет Ало докторе!

Од почетокот на проектот се регистрираи вкупно 74.488 повици.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

За совет се достапни вкупно 25  доктори, а повиците се  од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата  се  за широк спектар на најразлична симптоматологија , најчесто   за  респираторни симптоми, покачен крвен притисок,  симптомна болка, покачена телесна температура, вирози  и кашлици  од  променливото време.

На сите оние лица кои  побараа  медицински совет   на телефонската линија  АЛО ДОКТОРЕ ! им е дадена   здравствена  помош  со  совет и соодветна симптоматска  терапија .

 

 

 

Најчитани вести