1.343 повици на „Ало докторе“ за една недела

Изминатата недела на линијата на АЛО ДОКТОРЕ биле примени 1343  повици, а откако започна да работи линијата (15.09.20104) остварени се вкупно 109332 повици.

Линијата е достапна секој ден  24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

25  Доктори  вкупно   се достапни за медицински совет  .Повиците   се  од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата  се  со  широк спектар на најразлична симптоматологија , кардиоваскуларни,респираторни  симптоми ,главоболки, алергиски реакции и симптоми на болка .

На сите оние лица кои  побараа  медицински совет   на телефонската линија  АЛО ДОКТОРЕ ! им е дадена   здравствена  помош  со  совет и соодветна симптоматска  терапија .

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.