1,4 тони кокаин запленети во Шпанија

Шпанската полиција денеска запленила повеќе десетици палети со вкупно 1,4 тони кокаин, прикриен да изгледа како дрво.

Освен тоа, во рамки на истата пратка од Колумбија за Валенсија е откриен и кокаин „маскиран“ да изгледа како јаглен, пренесува Би-Би-Си.

Во акцијата во Шпанија, Британија и Дубаи се уапсени 12 лица, се наведува во соопштението на шпанската полиција.

Според полицијата шверцерите користеле компанија за продажба на јаглен како алиби за увоз на кокаин во Шпанија, а дрогата потоа била дистрибуирана и продавана низ Европа.