1,5 милиони евра субвенции за рибарство

субвенции

Со 1,5 милиони евра во 2017 година ќе се финансира порибувањето на езерата и реките и изградбата и реконструкцијата на рибниците.

За порибување на Охридско Езеро со подмладок од Охридска пастрмка се предвидени 10 милиони, а за порибување на Дојранското и Преспанското езеро со крап 900 илјади денари.

Субвенции од 1,2 милиони денари ќе има и за мандрите на Дојранското езеро и капацитетите за преработка на риби.

Најголем дел од финансиската поддршка е наменета за инвестиции во рибниците, за нови капацитети и за продадената риба на пазарот.

Исплатата на парите ќе се врши по реализирањето на активностите, а ќе се добиваат со склучување на договор со министерството и поднесен бизнис план.