четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 0

10 грешки на жените во сексот

sesk

Поврзани вести

Немате доволно самодоверба. Мажите го обожаваат женското тело и ако мислите дека неколку килограми повеќе се проблем – се лажите. Најчесто мажите не ги забележуваат сите оние недостатоци кои си ги откривате по вашето тело пред огледалото. Заборавете ги комплексите и покачете си ја самодовербата. Само така ќе изгледате најпривлечно во неговите очи.

Неподвижни сте како дрво. Бидете активни во потрагата по оргазам. Откријте што ви се допаѓа и научете го вашиот партнер како да ве задоволи.

Глумите оргазам. Никогаш не глумете дека сте достигнале оргазам. Ако не успевате да ја достигнете врвната точка, разговарајте со партнерот на таа тема. Упатете го кон работите кои ве возбудуваат.

Мислите дека мажите секогаш и секаде се подготвени за секс. Можеби ова ќе ве изненади, но мажите не се секс машини. Стресот и заморот влијаат врз нивната желба за секс. Имајте разбирање за него, како што тој има најчесто за вас.

Заборавате дека мажите сакаат да гледаат. Скоро сите мажи полудуваат кога ќе здогледаат голо женско тело во секси долна облека. Затоа, не му го скратувајте тоа задоволство.

Не покажувате дека уживате. Ако тој ве возбудува, покажете му го тоа. Не е потребно целата зграда да разбере дека имате секс, но издадете некаков звук. Така тој ќе биде посамоуверен знаејќи дека уживате.

Очекувате од него да мисли како жена. Не можете да очекувате тој да знае сè што сакате вие. За некои работи едноставно никогаш нема да се сети дека би ви биле пријатни вам. Затоа, комуницирајте со вашиот партнер, дајте му до знаење што сакате.

Никогаш не иницирате секс. Ако никогаш не правите ништо за да му покажете на партнерот дека сакате да имате секс, тој може да помисли дека не сте заинтересирана за него. Мажите обожаваат да бидат заведувани исто колку и жените.

Не сакате разнообразие. Една поза нема да го одржи вашиот сексуален живот. Не се плашете да експериментирате. Можеби ќе останете изненадени колку возбудливо може да биде „различното“. Бидете спонтани. Не мора секогаш сексот да ви биде на креветот или во спалната.

Ја занемарувате вашата женственост. Се разбира, не може да се очекува да бидете секогаш „средени“ таму долу, но ако целосно се занемарите или не сте средени за вашиот прв однос, нема да оставите добар впечаток. Женското тело треба да биде чисто, нежно и мазно.

Најчитани вести