10 книги од македонски автори преведени на српски, бугарски и шпански јазик

Нови десет книги на македонски автори се преведени на три странски јазици, на српски, бугарски и на шпански јазик.

Од објавувањето на првиот конкурс во јануари 2014 година до денеска во Министерството за култура биле доставени 67 апликации од 38 издавачки куќи од цела Европа, што воедно говори за интересот на меѓународната културна јавност за македонската литература и нејзините врвни достигнувања.

knigi2

-На новиот конкурс за странски издавачи за 2015 година кој беше објавен во месец јануари и кој ќе биде отворен во текот на целата година  до сега пристигнаа 17 пријави од 4 земји и тоа од Србија, Шпанија, Бугарија и Италија. Стручната комисија во состав на Нове Цветановски, проф-д-р Виолета Димова и м-р Енвер Беќири направија селекција на пристигнатите апликации и согласно исполнетите критериуми на конкурсот беа поддржани 10 книги на македонски автори на три странски јазици, истакна министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.

knigi3

Министерката истакна дека, радува податокот што на листата има и млади македонски автори, кои во моментов се етаблираат во нашиот и регионалниот културен простор.

knigi

-Со овие најнови резултати од Конкурсот за странски издавачи, бројката на поддржани автори во рамките на оваа стимулативна мерка за 2014 и 2015 година се заокружува на 40 дела од 30 македонски автори кои ќе бидат преведени на 16 странски јазици, полски, руски, германски, словенечки, украински, хрватски, француски, бугарски, црногорски, албански, турски, италијански, ерменски, дански и шпански, заклучи министерката.

За овие 10 дела од Буџетот на Република Македонија се издвоени 1.229.212 илјади денари.

-Со поддршката на новите 10 дела на македонските автори се покажа дека овој конкурс за странски издавачи на Министерството за култура е најдобрата можност за меѓународна афирмација на македонските писатели, истакна Нове Цветановски.

knigi4

Она што е многу значајно, беше заклучено, е тоа што македонските автори ќе имаат шанса да ги измерат силите со странската конкуренција, кое е едно многу значајно искуство.

-Имав можност многу пати да се соочувам со  конкуренција надвор од нашата држава, со своите радио драми учествував на сите најпознати свески фестивали. На неколку од нив влегов во конкуренција за награди чувството кога некој надвор ќе го цени она што го правите е добивање на неверојатна самодоверба, станувате важен и чувствувате дека тоа што го работите вреди, истакна авторот Владо Димовски.

knigi7

Младите автори, Фросина Пармаковска и Душко Родев истакнаа дека ова за нив е од особена важност со оглед на тоа што нивните книги за прв пат се преведени на странски јазик.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.