10 лекари ќе специјализираат во Белград на државен трошок

Во Клиничкиот центар во Белград ќе заминат на специјизација 10 лекари по опшра медицина, како надоврзување на проектот на Министерството за здравство – едукација на млади лекари во странство.

Огласот за идните специјализанти ќе се објави утре, а право на учетсво ќе имаат лекари кои се вработени во јавно здравство.

Министерството за здравство  ќе ги покрие сите  трошоци за специјализација на избраните лекари кои ќе ги селктира посебна стручна комисија. За илустрација, една специјализација во земјава чини од 10.000 до 15.000 евра.

Како што посочи министерот за здравство, Никола Тодоров, во фокусот на видот на специјаизациите, ќе бидат гинекологија, васкуларна хирургија, офтамологија и анестезија.

Се работи за целосна специјализација, но на огласот можат да се пријават и лекари кои веќе почнале со вакво професионално усовршување .

„Со тоа практично продолжуваме со реализација на проектот за испраќање на 70 млади доктори од Македонија на специјализација во странство. По завршување на рокот за пријавување стручна комисија ќе изврши евалуација на пристигнатите писма за интерес и врз основа на таа евалуација ќе биде одлучено кои од докторите кои се пријавиле за специјализација во странство односно во Србија ќе бидат селектирани и ќе бидат испратени на специјализација во странство“, рече Тодоров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.