Македонија

10 милиони евра за пешачки мост што ќе го поврзе „Скендербег“ со МНТ

10 милиони евра за пешачки мост што ќе го поврзе „Скендербег“ со МНТ

Градежната фирма „Бауер БГ“ е избрана од Општина Чаир да ги изведе градежните работи за премостувањето на плоштад Скендербег преку булеварот Гоце Делчев, кон Македонската опера и балет. Овој зафат ќе ја поврзе Чаир со општина Центар и ќе формира пешачка зона над булеварот која ќе се протега на површина од 28.674 метри квадратни. Од булеварот, пак, ќе бидат покриени 150 квадратни метри, а доградувањето на плоштадот ќе чини околу 10 милиони евра.

Ова е втора фаза од проектот кој започна во 2012 година со поставување на плоштатска платформа над угостителските објекти и дуќаните во првиот ред од Стара скопска чаршија. Таа предвидува премостување од крстосницата кај Универзитетска библиотека до стоковна куќа „Мост“ со што градежните работи би почнале наредната недела, а би траеле 16 месеци.

плоштадот над булеварот Гоце Делчев ќе ја има потребната висина за слободно да поминуваат автобуси и камиони. Одозгора на плоштадот, ќе има фонтана, урбана опрема и клупи.

Додека трае покривањето на булеварот на потегот од улицата Филип Втори до стоковната куќа „Мост”  сообраќајот ќе биде пренасочен.

За изградбата на овој плоштад, уште од самиот старт се водеа јавни дебати за тоа како проектот да се вклопи со концептот на старата скопска чаршија, како спој на две целини – една модерна и една стара со доста карактеристична градба.

Утврденото урбанистичко решение, предвидува паркиралишта во подземните делови, градска тераса над веќе постојните дуќанчиња, фонтана и амфитеатар пред платото на Даутпашиниот амам.
Околу 30 отсто од површината на плоштадот ќе биде хортикултурно уредена, а останатиот дел ќе се поплочува.

pr