10 причини зошто провевот мора да се елиминира од објектите

Провевот е проблем кој секој го почувствувал. Кога провевот е намерно предизвикан со отворање на врати и прозорци, тогаш тоа е краткотрајно и безопасно проветрување. Но што да се прави со оној провев кој го има и кога е се затворено и кој предизвикува големи загуби на енергија, непријатно чувство и проблеми по здравјето?
Тогаш се прашувате дали енергетската ефикасност е само приказна или реалност? Добрата херметизација, т.е. воздухонепропустливост на обвивката на објектот е решение за овој проблем и постојат барем 10 причини зошто тоа да го барате од градителите:

  1. Враќање на инвестицијата

Ова е најдобрата инвестиција која можете да ја направите. Дури 40% од потребната енергија за загревање или ладење се троши за да се „победи“ ладниот (топлиот) воздух кој непредвидено, нескано и неконтролирано влегува во објектот. Замислете ја можноста, за мал трошок кај вас да дојде врвно професионален тим, со софистицирана опрема и за само неколку часа да ги намали вашите сметки за греење и ладење од 30% до 50%.

Slide14

  1. Кредити, субвенции и донации

Веќе заклучивме дека со подобрувањето на запечатеноста, се намалуваат потребите од енергија за греење и ладење. Ако е тоа така, значи се подобрува енергетската ефикасност на објектот, а ако таа се подобрува тогаш се влијае и на намалување на загадувањето на околината. Постојат голем број на проекти и програми кои овозможуваат кредити, субвенции или донации за постигнување овие придобивки.

  1. Комфор

Добрата запечатеност ќе го направи просторот многу поудобен за престој и работа. Во спротивно разните „дупки“ и прозорците околу кои дува, прават температурата да не е рамномерно распределена низ просторот и се појавуваат делови кои се претопли и делови кои се непријатно студени.

  1. Безболно и веднаш

Откривањето на несаканите „дупки“ низ кои протекува воздухот, како и елиминирањето на овие проблеми е брзо и многу ефикасно. Околу 80% од „дупките“ можат да бидат запечатени за само неколку часа од добро истрениран тим на професионалци. Разликата ќе ја осетите веднаш.

  1. Намалување на бучавата

Високата воздухонепропустливост не само што го држи надворешниот воздух таму каде што му е местото, туку го попречува и звукот да влегува во објектот. Значи во вашиот внатрешен простор ќе биде поудобно и потивко.

  1. Подобрување на квалитетот на воздухот

И не само звукот и ладниот (топлиот) воздух, добрата херметизираност ќе ги држи подалеку од вас мувлата, поленот и разните алегени. Но исто така ќе го спречи продорот на издувните гасови од возилата и несаканите миризби од кај соседите или подрумските простории. Дефинитивно ова го прави вашиот простор поудобен за прeстој и поздрава средина за живот и работа.

Slide9

  1. Без мразулци кои висат од кровот и без смрзнати олуци

Мразулците најчесто се предизвикани од продирање на внатрешниот загреан воздух низ отвори во покривот, се до самиот покривен покривач. Овој топол воздух ги топи долните слоеви од снегот, водата полека тече надолу и повторно се смрзнува на краевите од покривката или во олуците. Така олуците се затнуваат со количини од мраз, па со топењето на снеговите почнуваат протекувањата низ покривот.

  1. Намалување на штети

Голем број од смрзнувања на водоводна инсталација или бојлери може да се спречи со доброто херметизирање на објектите. Ако некогаш сте имале проблем со смрзнати или пукнати цевки од смрзнување, тогаш сигурно многу добро ќе ја разберете придобивката од оваа мерка.

  1. Заштита од штетници и инсекти Slide6

Кога нема отвори, тогаш и несаканите гости остануваат надвор. Птиците, инсектите и глодарите нема да бидат дел од вашиот простор.

  1. Спречен продор на вода

„Дупките“ низ кои влегува воздухот, се и места кеде може да протекува и вода. Најчесто тоа се скриени протекувања кои не се гледаат веднаш, туку предизвикуваат штети на вградените материјали и се собира поголемо количество пред видливо да протече или да се појави во облик на влага или мувла. Водонепропустливоста на фасадните елементи, посебно кај структуралните, стаклените или панелните фасадни системи, подлежат на посебен метод на контрола, исто така веќе достапен и во Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.