100.000 евра помош од Владата за Србија и БиХ

Денеска Владата на Република Македонија од државниот буџет исплати 12,2 милиони денари како помош за штетите настанати од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина, односно по 6,1 милион денари (100 илјади евра) за секоја земја.

Владата исто така одлучи сите средства кои што ќе бидат собрани врз основа на отворените телефонски линии за донација, да бидат исплатени како хуманитарна помош за Босна и Херцеговина и за Србија, односно државата нема да го задржи ДДВ-то, туку тој ќе биде пренаменет како хуманитарна помош.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.