ЛШ: Сити и Шалке ги комплетираа патниците во осминафиналето

Со мечевите од шестото коло во групите Е, Ф, Г и Х, заврши првата фаза од Лигата на шампионите, а последни патници во следната рунда се Манчестер Сити и Шалке.

parovi

Во директната пресметка за пласман во следната рунда, Манчестер Сити славеше на гостувањето во Рим кај Рома. Во случај ЦСКА Москва да не слави во Минхен, “граѓаните” и со бод одеа во следната рунда, но сепак за да бидат сигурни славеа со 0:2 на ова незгодно гостување.

Творци на триумфот беа Насри во 60-та и Забалета во 86-та минута.

Пласманот во осминафинале Шалке го обезбеди откако славеше со 1:0 на гостувањето кај словенечкиот Марибор за кој до 83-тата минута играше македонскиот репрезентативец Агим Ибраими.

Победничкиот гол за германскиот тим го постигна Мајер во 62-та минута.

Од групата Г Челзи, кој славеше над Спортинг со 3:1 како првопласиран обезбеди пласман во следната рунда, Шалке заврши на второто место, португалскиот тим ќе игра во Лига Европа, додека Агим Ибраими и Марибор со три освоени бодови ги завршија натпреварите во фудбалска Европа.

Резултати од 6.коло во ЛШ во групите Е, Ф, Г и Х.

Група Е: Рома – Манчестер Сити 0:2 и Баерн Минхен – ЦСКА Москва 3:0.
Табела: Баерн Минхен 15, Манчестер Сити 8, Рома 5, ЦСКА Москва 5.

Група Ф: Барселона – ПСЖ 3:1 и Ајакс – АПОЕЛ 4:0.
Табела: Барселона 15, ПСЖ 13, Ајакс 5, Апоел 1.

Група Г: Челзи – Спортинг 3:1 и Марибор – Шалке 0:1.
Табела: Челзи 14, Шалке 8, Спортинг 7, Марибор 3.

Група Х: Порто – Шахтјор 1:1 и Атлетик Билбао – БАТЕ Борисов 2:0.
Табела: Порто 14, Шахтјор 9, Атлетик Билбао 7, БАТЕ Борисов 3.