„Телеком Словеније“ генерира повисок нето профит: ОНЕ продолжува со значителен развој

Приходите од работењето генерирани во истиот период изнесуваа вкупно 599,1 милиони евра, што е зголемување од 1,8 милиони евра во однос на истиот период во 2012 година. Оперативната добивка изнесуваше 63,4 милиони евра, односно е намалена за два отсто во однос на истиот период лани.

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ во Македонија (фиксна, мобилна телефонија и интернет) и Диги Плус Мултимедиа (дигитални услуги) значително ја подобрија својата успешност чијшто резултат се приходи од работењето во износ од 60,5 милиони евра, што е пораст од 12 отсто во однос на минатата година.

Нето добивката пред оданочување (EBITDA) забележа значителен пораст и изнесува 10,6 милиони евра, што пораст од седум милиони евра во однос на минатата година. Оперативната добивка изнесуваше 902 илјади евра, со што се надмина негативата од четири милиони евра од претходната година. На резултатот позитивно влијаеше надоместокот од одредени побарувања кон поранешниот сопственик на компанијата.

Бројот на фиксните широкопојасни интернет претплатници на ОНЕ забележа пораст од пет отсто во споредба со крајот на 2012 година, и изнесуваа 40,375 на крајот од септември, додека приклучоците во фиксната и мобилна телефонија се намалија за еден отсто. „Телеком Словеније“ инвестираа 13,9 милиони евра во Македонија во периодот јануари-септември 2013 година, стекнувајќи лиценца за дополнителни фреквенции кои ќе овозможат нови технологии (LTE/4G), пораст од 2,7 милиони евра претходната година.

Компаниите од „Телеком Словеније Групацијата“ забележаа пораст во бројот на приклучоците во скоро сите сфери на деловното работење. Фиксните широкопојасни интернет претплатници забележаа пораст од два отсто за првите девет месеци од оваа година, корисниците на мобилната телефонија се зголемија за седум отсто и телевизиските приклучоци за 12 отсто.

Телеком Словеније Групацијата планира нето профит од работењето во износ од 50 милиони евра и EBITDA до 245 милиони евра за оваа година.