Џош Смит им се придружи на Харден и Хауард – потпиша со Хјустон

Џош Смит пред два дена беше ослободен од својот тим Детроит Пистонс, но не му требаше многу време да си најде нов тим.

Откако обидите на неговиот веќе поранешен клуб да најдат трејд-партнер завршија неуспешно, “пистонси” се ослободија од високото крило и неговиот богат договор, а Смит пак веднаш си најде нов клуб, и тоа ни помалку ни повеќе – клуб со шампионски амбиции.

Хјустон ќе биде неговиот нов дом, а Смит ќе им се придужи на неговиот добар пријател Двајт Хауард, потоа Џејмс Харден, Џејсон Тери, Тревор Ариза, како и на неодамна пристигнатиот од Минесота, Кори Бруер. Заедно со одличната клупа која ја поседува тимот од Тексас, се чини дека Хјустон ќе игра важна улога до крајот на плеј-офот следната пролет.

smith howard

Инаку Смит, кој за 11 сезони во НБА има просек од 15.4 поени и 7.8 скокови, потпиша договор според кој ќе заработува 2.1 милиони долари по сезона, што беше и максимална сума која Хјустон можеше да му ја понуди.