Предлог-одлуката за нови членови на лустрациска на собраниска комисија

Првичниот нов состав на Комисијата за лустрација денеска би требало да биде познат по седницата на собраниската комисија за прашања на избори и именувања.

На конкурсот пристигнаа 24 кандидатури, а меѓу нив има адвокати, поранешни пратеници, професори, новинари, публицисти…

Според претседателот на собраниската Комисија Илија Димовски, на конкурсот се пријавени речиси сите досегашни членови на лустрациската комисија. Денеска ќе треба да се знае и предлогот за претседател и заменик на оваа Комисија.

Изборот на членови на Комисијата за верификација на факти се врши во Собранието. Има двостепеност во гласањето, односно првото гласање е со двотретинско мнозинство, а второто со обично мнозинство. Според објаснувањето на Димовски, релевантни фактори во изборот на Комисијата за лустрација се партиите кои имаат своја застапеност во Парламентот.

Денеска исто така е последен работен ден за стариот состав на Комисијата за верифицкација на факти, чиј претседател Томе Аџиев, ќе одржи прес-конференција на која ќе зборува за сработеното во изминатите пет години.