11 факти за клиторисот!

За разлика од минатото, денеска многу се пишува и зборува за клиторисот. Но, овој женски клуч за задоволство не престанува да изненадува!

1. Помеѓу 50 и 75 отсто од жените можат да доживејат оргазам само со стимулација на клиторисот. Поголемиот дел од жените не можат да го достигнат врвот само со пенетрација.

2. Со голо око можеме да видиме само едно мало делче од клиторисот. Всушност тоа е во просек околу 10 сантиметри, нешто како просечен пенис кој не е во ерекција, а неговите три четвртини се скриени во женското тело.

3. Во клиторисот се наоѓаат 8.000 нервни завршетоци, што е двапати повеќе од оние кои ги има на главата на пенисот.

seks-1400168134-35966 (1)

4. Клиторисот расте во текот на животот. По менопаузата клиторисот може да се зголеми за два ипол пати во однос на неговата големина во вашите тинејџерски денови. Затоа не е нималку чудно што некои жени имаат појаки оргазми во 50-те години и понатака. Сепак големината може и не е важна.

Не постојат истражувања со кои би се поврзала големината на клиторисот со количината на уживање. И баш на жените не им е гајле бидејќи на патат од мерење и споредување со другите жени. Дали некогаш сте запознале жена кија се пофалила со големината на нејзиниот клиторис?

Еве уште еден факт: Жените кои имаат родено дете имаат поголем клиторис. Најдолгиот измерен клиторис е 30 сантиметри.

5. Сфативте дека клиторисот е една голема зона на уживање. Истражувањата покажале дека на голем број на жените им одговара кружната стимулација на клиторисот. Исто така, иако целиот клиторис е преполн со нервни завршетоци, нговиот горен лев квадрат е најчувствителен на допир. Се смета дека поради тоа и најпријатната е кружната стимулација која завршува на неговиот врв.

seks-par-u-krevetu-1404554090-40752

6. Она што за мажите е пенисот, за жените е клиторисот, не вагината. Долго време се верувало дека вагината е женскиот еквивалент на пенисот, но споредувањето со клиторисот е најсоодветен. Анатомската структура им е многу слична, направени се од ист материјал, пенисот можеме да го опишеме како клиторис извлечен од тело. Клиторисот дури може и да еректрира, односно да се зголемува кога е стимулиран.

7.Клиторисот постои за жената да може да ужива и тоа е единствената негова функција. Пенисот, пак, има многу функции меѓу кои е и репродукцијата.

8. Не постојат две жени кои имаат ист клиторис. Тие се разликуваат по големината и обликот. Некои се скриени под кожата, некои се излезени одвнатре. Понекогаш е потребен само нежен допир за да е подготвен на жестока акција. Потребно е прилично долго време за да сфатите што се вашиот клиторис може и сака да му посветите. Препуштете се на откривање.

seks-1379174809-13964

9. Со оргазам на клиторисот може да се има од 3 до 16 контракции и може да трае од 10 до 30 секунди. Но, тоа не го исклучува фактот дека многу жени се способни за повеќе оргазми кои вклучуваат контракции во вагината. Некои истражувачи пробале да ги споредат машките и женските огразми и заклучиле дека и оној најпросечниот клиторички оргазам трае подолго од силниот кај мажите.

10. Фројд дефинитивно погрешил. Осум илјади нервни завршетоци на главичката комуницира и поврзана е со дополнителни 15 илјади нервни завршетоци на целото подрачје на карлицата. Тоа значи дека се спротивни на теоријата на Зигмунд Фројд кој тврди дека клиторисните оргазми се инфериорни во однос на вагиналните, технички сите оргазми се клиторисни, па дури и вагиналните.

11. Дали знаете дека зборот клиторис доаѓа од грчкиот збор за клуч и дека вашето тело има клуч со кој се отвора вратата на едно големо сексуални задволство?