11 кривични за случајот со девојчето од „25 Мај“

Министерството за труд и социјала ќе поднесе кривични пријава против 11 лица кои биле задолжени да постапуваат и преземаат службени дејствија за девојчето од Домот „25 Мај“, во периодот од 2012 – 2017 година.

Инспекторите пак, поднеле 12 иницијативи за покренување дисциплинска постапка против стручни лица, согласно со Законот за работни односи. Поведни се и 13 постапки за сторени прекршоци од страна на стручните лица во постапувањето во овој случај, согласно со Законот за социјална заштита.

„Врз основа на записникот и извештајот од извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на Социјалната инспекција при МТСП, Министерството ќе поднесе кривична пријава до ОЈО против одговорните лица во Центарот за социјална работа – Скопје за ,,несовесно работење во служба’’, како и против стручни лица вработени во Центарот, за кривично дело ,,запуштање на малолетно лице’’, и за ,,несовесно работење во служба’’, соопшти Министерството.