11 лица загинаа во автобуска несреќа во Сибир

Тешка автобуска сообраќајна несреќа се случила денеска во западен Сибир, при што загинаа 11 лица, а 33 се повредени.

Несреќата се случила околу 70 километри западно од градот Краснојарск.

Во автобусот се наоѓале 43 лица, меѓу кои и три деца. До овој момент не се познати други детали за инцидентот на патот.

За утре во Краснојарскиот регион е прогласен ден на жалост.

На 9 јули, во истиот регион од Руската Федерација, исто така, 11 лица загинаа и 10 беа повредени во судир на патнички автобус и возило на Брза помош.

Минатата година во автомобилски несреќи во Русија загинале около 27. 000 лица, забележуваат француските медиуми. Земјата и натаму останува на едно од првите места во светот според смртноста на патиштата. Главните причини за тоа се масовното управување со возилата во пијана состојба, непочитување на правилата за движење и лошата состојба на патиштата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.