11 сообраќајки во изминатите 24 часа

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди.

Од нив, седум се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, еден сопатник и еден возач на работна машина.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило, а со телесни повреди се здобиле двајца сопатници.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се тројца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. Шест возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, девет возачи кои го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без важечка возачка дозвола и 10 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се шест возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Гоце Делчев“ во населба Илинден и во подрачното училиште во населеното место Марино, со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.