11 странски компании наместо во Србија, решиле да инвестираат во Македонија

Македонија е најпривлечна дестинација за странските инвеститори во регионот. Тоа го потврдуваат и српските бизнисмени кои бараат од нивната влада да понуди подобри услови во слободните зони, како компаниите наместо во Србија не би вложувале во Македонија, која според нив има попривлечни услови за бизнис, пишува Лидер.

Македонија е најпривлечна дестинација за странските инвеститори во регионот. Тоа го потврдуваат и српските бизнисмени кои бараат од нивната влада да понуди подобри услови во слободните зони, како компаниите наместо во Србија не би вложувале во Македонија, која според нив има попривлечни услови за бизнис, пишува Лидер.

„Подобрите услови за работа и подобрата бизнис клима ја прават Македонија најпосакувана дестинација за инвестиции во регионот. Наместо кај нас, странски инвеститори заминуваат во Македонија“, пишуваат денеска српските медиуми.

Единаесет странски компании наместо во Србија, решиле да инвестираат во Македонија, соопштуваат од Српската стопанска комора. Српските бизнисмени констатираат дека Македонија нуди подобри услови и инфраструктура за бизнис отколку нивната земја, па затоа сметаат дека е потребно да понудат уште многу погодности за да станат привлечна бизнис дестинација како нивниот сосед.

Претседателот на Групацијата на слободни зони во Стопанската комора на Србија, Драган Костиќ истакнал дека во слободните зони во Македонија сите даноци се сведени на „нула“, а државата дава дополнителни средства за инвеститорите кои сакаат да вложат во земјата, сугерирајќи дека и Србија треба да го направи истото.

И директорот на Управата за слободни зони при Министерството за финансии на Србија, Милан Ристиќ, потврдил дека треба да се воведат нови поволности со цел да се привлечат нови инвеститори и да се зголеми конкурентноста во регионот.

Соседите го копираат македонскиот модел за привлекување инвестиции

Организирање бизнис форуми, воспоставување директни контакти со потенцијални инвеститори, „роуд шоуа“ во економски моќните земји, промовирање на поволните услови за инвестирање, се со цел да се привлечат поголем број странски инвеститори е стратегијата која во последно време ја употребуваат и владите од соседството, како српската и хрватската, а веќе долго време ја практикува Владата на Република Македонија.

Македонскиот модел на промоција на земјата како одлично место за инвестирање се чини дека е интересна за владите од соседството, кои во последно време поактивно играат на оваа карта, велат експертите.

Тие се свесни дека роуд- шоуата, бизнис форумите, слободните инвестициски зони, даваат резултати и дека за инвеститорите, посебно за оние големите, многу е важен личниот контакт кој ќе го остварат со високи претставници задолжени за привлекување на инвеститори. Според нив, станува збор ефикасен начин на доближување на поволностите кои ги нуди една земја до потенцијалниот инвеститор.

Нови инвестиции во зоните

Динамиката за влез на странски инвеститори на домашниот пазар продолжува, а Македонија во очите на инвеститорите цврсто се позиционира како посакувана дестинација за водење бизнис.

Надлежните најавија дека во ноември две американски компании од автомобилскиот сектор ќе ги објават инвестициите во Македонија.

-Една од овие компании ќе биде лоцирана во зоната Скопје 1- Бунарџик, тоа ќе биде компанијата која ќе вработи околу 500 луѓе. Втората компанија ќе биде во внатрешноста во Македонија, на една нова локација на која не сме имале досега компанија од ваков вид, вработувајќи околу 1.500 луѓе.  Она што можам да го кажам пред моментот на официјалната објава, е дека станува збор за две големи компании, реномирани, едни од најголемите компании во САД за производство на компоненти за автомобилската индустрија“, вели директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо.

Извозот од зоните континуирано расте, а според Мизо, се очекува оваа година да надмине вредност од 1,4 милијарди евра. Владиниот тим за привлекување на странски инвестиции е во напредни разговори со многу странски компании, а во наредните 3-4 месеци може да се очекуваат повеќе позитивни одлуки за влез на нови инвестиции.