четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 51

Вработените во ООУ „11-ти Октомври“ од утре на штрајк

Вработените во ООУ „11-ти Октомври“ од утре на штрајк. Како што дознава Нетпрес, наставниците ќе ги примаат децата, но настава нема да има.

skolo-truenje-640x331

Поврзани вести

Вработените во ООУ „11-ти Октомври“ од утре на штрајк. Како што дознава Нетпрес, наставниците ќе ги примаат децата, но настава нема да има.

По неколку месечниот хаос што се случува во тоа ушилиштето „11-ти Октомври“, вработените се кренаа на глас. Вработените од утре најавуваат штрајк, во кои се потпишани скоро сите вработени и застануваат цврсто на таа одлука.

Вработени во училиштето: Немаме плата, имаме двајца директори и трпиме мобинг со недели

Како што дознава Нетпрес, утре нема да има настава, а учениците само ќе бидат прифатени, а за понатаму велат ќе се оди на генерален штрајк се додека не се реши целата ситуација.

Доста беше, превземаме чекор напред и да размисли оној кој ги носи овие одлуки дека ние трпиме, дека ние немаме плата, дека ние имаме двајца директори и трпиме мобинг со недели. Ако општината не е способна да управува со училиштето, нека не’ превземе некој кој се разбира како треба да се работи во едно училиште и да престане овој циркус, вели една вработена.

Очигледно градоначалникот нема компетентни служби околу него да му пласираат вистински информации и да се смири ситуацијата. Овој терор трае уште од лани кога имаше смена на неколку ВД директори од страна на општината и тогаш немавме земено плата цели 2 месеци, сега повторно има назначувања, разрешувања на кои им нема крај, а немаме ни набавка на основни средства за да си ја вршиме нашата тековна работа, револтирано изјавува вработената.

Петковска до Жерновски: Чувствувате ли морална одговорност за општиот хаос во ООУ „11-ти Октомври“

Инаку, на денешната седница…

Најчитани вести