Саше Политико им ја “плесна во фаца“ вистината на “пленумците“

И дел од најголемите опозициски поддржувачи го признаваат вчерашниот дебакл на таканаречениот Професорски пленум, кој најпрво прифати да се појави на дебатата во Собранието, а потоа се попишмани и избега од аргументиран дијалог за реформите во високото образование, објавува Курир.

По Бранко Героски, уште еден истурен играч на опозицијата распали по “пленумците“, чие фијаско денеска ги разобличи нивните намери. Саше Ивановски-Политико пишува дека денешните случувања се “голема победа на Груевски, кој со два-три потези за неколку часа ги сотре студентите и професорите, а овие тотално се лизнаа на кора од банана“.

-Не ми се верува што се случи денеска! Грујо во негов познат стил кој е негов заштитен знак, влета лично на пресот на професорите како нинџа и пред цела јавност понизно ги замоли да дојдат на дебата и овие тотално се збркаа и УЦВИКАА?! Он почна да ги моли, дури прифати да дебатираат и во собрание и овие прво прифатија ПА СЕ ПРЕДОМИСЛИЈА?!?! У је*оте, каков автогол, ова беше тотално неочекувано!, напиша Ивановски.

Тој додава дека “ова е по кој знае кој пат, уште една голема победа на Груевски! Ова е реприза на познатиот дуел на Грујо со Борјан и Чадиковски пред влада коа се затвораше А1“.

-Грујо ги фати на препад и студентите и професорите и им влезе дирек со мајагери и овие се разбегаа како да го виделе Луцифер у Борат жута танга! Се избламираа пред цела јавност, како сега ќе убедат некого дека никој не сака да ги слушне, дека биле игнориани, дека сме имале режим кој бега од дебата кога премиерот лично ЕЕЕЈ ЛИЧНО ИМ УКАЖА ЧЕСТ И ГИ МОЛЕШЕ на скали да дебатираат?! Требаше да знаат дека со неприфаќањето на таа покана тие се самоубиваат пред македонската јавност! КРАЈ ГОТОВО Е СО НИВ!, пишува Ивановски.

Според Ивановски, професорите требало да влезат на дебата да побараат камерите да снимаат цело време, под никој случај да не се дозволи да се дебатира зад затворени врати.

Целосната колумна можете да ја прочитата ТУКА