Кочанчанец го пријавил брат му дека нелегално поседувал оружје

Полициската станица во Кочани поднесе кривична пријава против Ф.Ј.(42) од Кочани, за сторени две кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „лажно пријавување на кривично дело“.

На 25.10.2014 година, пријавениот во ПС Кочани пријавил дека неговиот брат Е.Ј. во својот дом каде заедно живеат неовластено чувал четири бомби и два пиштоли, по што од страна на полициски службеници е извршен претрес и е пронајдена хемиска рачна бомба.

По извршен разговор е утврдено дека по настаната расправија помеѓу браќата, Е.Ј. му ја одзел бомбата на Ф.Ј. и ја чувал кај него. Инаку, пријавениот кон крајот на август 2014 година, неовластено ја набавил бомбата од лице од Кочани, кој пак ја пронашол во контејнер во Кочани.