Свет

12 лица повредени во земјотрес во Јапонија

12 лица повредени во земјотрес во Јапонија

Најмалку 12 лица се повредени во Јапонија, по потресот 6 степени по Рихтер, кој ја погоди земјата,  јави ИТАР-ТАСС. Сите настрадани се од Токио и соседната југозападна префектура Канагава.

Силен земјотрес беше регистриран и во централниот дел на Јапонија. Потресите со магнитуда 6  степени по Рихтер беа почувствувани во 28 префектури.   Во моментов во Токио  ситуацијата е нормална. Транспортот работи во нормален режим, а на неколку стотици куќи системот за безбедност  го исклучи  снабдувањето со гас.