12 тони марихуана запленети во Парагвај

Аргентинската полиција денес во предградие на Буенос Аирес заплени рекордни 12 тони марихуана. Во операцијата приведено е едно лице.

Марихуаната била илегално внесена од Парагвај во цистерна. На сослушување е приведен возачот на цистерната, кој е од Парагвај.

Гувернерот на провинцијата Буенос Аирес, Данијел Скиоли изјави дека оваа е најголема заплена во историјата на Аргентина, пренесува МИА.

Марихуаната е откриена и запленета во северно предградие на Буенос Аирес, едно од најбогатите во регионот.