петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 63

120 годишна Русинка е најстарата жена во светот

Сега таа живее во родното село Исламгаза со тројца синови, десет внуци, 24 правнуци и два праправнуци.

120 годишна Русинка е најстарата жена во светот

120 годишна Русинка е најстарата жена во светот

Последни вести

Танзила Бисембејева запишана е во Книгата на рекорди во Русија како најстара личност на планетата со оглед на тоа дека наполни 120 години.

Бисембејева која живее во Астраханската област на јужниот дел на Русија блиску Каспиското Море наполни 120 години на 14 март оваа година. Во нејзината лична карта чии копии ги објавува Росијска газета, запишано е дека е роденаво 1896 година во царска Русија. Таа ја преживела револуцијата во 1917 година, Втората светска војна и распаѓањето на Советскиот Сојуз.

Сега таа живее во родното село Исламгаза со тројца синови, десет внуци, 24 правнуци и два праправнуци.

– Мајка ми во својот живот многу работи видела. Проживеа од Распутин до Путин. Работеше цел живот, во поле или во градина, откри нејзиниот син, Шинтас Бисембејев.

Бисембејева првпат се омажила на почетокот на Втората светска војна, но сопругот бил повикан на фронт од каде не се ни вратил, а нивното дете набрзо по раѓањето починало.

На крајот на војната на 49 години таа била сама, но наскоро се омажила за постар Казахстанец. На 53 години роди син, а после една година уше еден син, а кога таа наполни 57 години и трет син.

Согласно казахстанската традиција, Бисемејева сега живее во семејството на најмладиот син, се движи низ куќата и е сосема независна, но не излегува надвор.

До нејзините сто години ниту еднаш не се обратила на лекар и се породувала дома. Кога наполни сто години, видот и се влошил и мораше на операција.

На прашањето во што е тајната за нејзината долговечност, нејзините синови одговараат:

– Многу е добра и секогаш гледа на животот позитивно. Во луѓето го гледа само доброто. Води здрав начин на живот – никогаш не седи на место, не пуши и се храни со природна храна.

Руските медиуми наведуваат дека единствена личност која живеела до 120 години, а за која постојат документи е Французинката Жана Луиза Клман која живеела 122 години, пет месеци и 14 дена. Калман почина во 1997 година.

Најчитани вести