среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 58

123 години од смртта на книжевниот великан Григор Прличев

Годинешните „Прличеви беседи“ ќе започнат со одбележување на творештвото на роднокрајните автори Коста Фортомар, Есад Бајрам, Димитар Пандев и Славе Ѓорго Димоски.

prlicev_3

Последни вести

Со дводневни свечености во рамки на манифестацијата „Прличеви беседи“ Охрид ќе ја одбележи 123-годишнината од смртта на македонскиот книжевен великан, преродбеникот Григор Прличев.

Годинешните „Прличеви беседи“ ќе започнат со одбележување на творештвото на роднокрајните автори Коста Фортомар, Есад Бајрам, Димитар Пандев и Славе Ѓорго Димоски.

На 5 февруари во 13:30 часот ќе биде положен Ловоров венец и цвеќе на бистата на Григор Прличев пред охридската библиотека, а за ликот и делото на охридскиот поет ќе беседи Јован Стрезоски, како член на Друштвото на писатели на Македонија. Од 14 часот во Прличевата одаја ќе се одржи традиционалната Охридска визита, додека за вечерта од 19 часот учениците од ОУ „Григор Прличев“ ќе одржат свечена приредба во Центарот за култура.

Свеченостите продолжуваат в сабота во 11:30 часот со полагање на свежо цвеќе на гробот на Прличев, по што ќе биде одржана свеченоста на доделувањето на наградата за најдобра поема за 2015 година на годинешниот лауреат Глигор Стојковски, за неговото дело „Кирил 1830 – Кирил 2001“. Случувања посветени на ловроносецот ќе завршат во 12:30 часот во спомен-куќата на Прличев, каде „Слово за Прличев“ ќе одржи проф. д-р Георги Сталев Поповски.

Манифестацијата „Пличеви беседи“ е востановена пред речиси шест децении, како одбележување на годишнината од смртта на големиот поет, кој почина на 4 февруари пред 123 години. Прличев пред век и половина беше овенчан со Ловоров венец во Атина за неговата поема „Сердарот“.

„Прличевите беседи“ се одржуваат во организација на Центарот за култура и библиотеката во Охрид што го носат неговото име, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

Најчитани вести