126 волонтери на битолската Клиничка болница добија решенија за работа

По волонтирање од пет па се до дваесет и пет години, 126 волонтери на битолската Клиничка болница потпишаа решенија за редовен работен однос, објави МРТ.

Добивањето на решенијата за кадарот што и досега бече вклучен во секојдневните активности ќе значи повисок степен на професионалност за самата клиничка болица и работата со дел од софистираната опрема која последниве години пристигаше.

Согласно на законските акти 35 проценти од досегашните волонтери уште идниот месец ќе почувствуваат што значи да си на редовен платен список.

Исто толкав процент од декември, а останатите редониот личен доход ќе започнат да го добиваат од септември идната година, објави МРТ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.