128 лица загинале при вчерашните експлозии во Анкара

Двете експлозии во турската престолнина вчера го одзеле животот на 128 лица, соопшти денеска прокурдската Демократска партија на народите.

Тие инфоримираа дека успеала да идентификува сите со исклучок на осум од жртвите на вчерашниот напад, пренесува БТА.

Кабинетот на премиерот доцна синоќа соопшти дека во нападот загинале 95 лица. Во друго соопштение, објавено денеска наутро, кабинетот информира дека 160 лица се уште се лекуваат во болница, а 65 од нив се во одделот за интензивна нега.