Николиќ против Законот на Вучиќ за да го сокрие богатството

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ се противи на носењето на Законот за потекло на имотот, пишува српски Курир, пренесува НетПрес.

И додека на Немањина 11 носењето на овој Закон го најавуваат како револуција во борба против корупцијата, Николиќ преку своите луѓе влијае на носењето на овој Закон.

Причината е, како што наведува изворот, тоа што во една одредба се испитува начинот на стекнување на имотот во минатото, а Николиќ не може да го објасни потеклото на своето богатство.

Со носењето на овој Закон, Николиќ ќе мора да докаже како со плата на пратеник, издржувајќи го семесјтвото, успеал да стекне имот од 600.000 евра.