До 13 часот во Куманово излезноста 31,11 отсто, во Липково 19,79, а во Старо Нагоричане 32,61

Гласањето во кумановскиот регион се одвива непречено. Според податоците на ДИК во Куманово излезноста до 13 часот е 31,11 проценти, во Липково 19,79 проценти, а во Старо Нагоричане 32,61 проценти.

Во Куманово се гласа на 167 избирачки места, а евидентирани се вкупно 90.848 гласачи, од кои 89.427 гласаат во ИЕ 2, додека 1.421 лице гласаат во ИЕ 3.

Во Липково право на глас имаат вкупно 24.348 лица кои гласаат на 36 избирачки места. И во општина Старо Нагоричане гласањето се одвива непречено на 37 избирачки места, а право на глас имаат 3.462 гласачи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.