13 часа го малтретирале заклучен во стан, киднапирање во Скопје

Пред четири дена, скопјанец бил малтретиран и заклучен 13 часа во стан од страна на три лица.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А. (22), Н.Љ. (23) и Ж.Љ. (26) сите од Скопје, поради сомневање дека минатиот викенд сториле „противправно лишување од слобода“.

На тројцата им се одземени патн ите исправи и наредено им е секоја недела да се појавуваат на суд.

А.А. и браќата Н.Љ. и Ж.Љ. во вечерните часови противправно лишиле од слобода лице од Скопје и држејќи го 13 часови во стан во центарот на градот, каде го малтретирале.

Според дадените изјави на пријавените во полициска станица, причината за сторувањето на кривичното дело е тоа што oштетениот за паричен надомест им понудил да им издаде стан под закуп во ценарот на градот, кој стан не бил негова сопственост, туку му бил даден за одржување од страна на негова пријателка. Пријавените сметале дека се измамени од оштетениот и телефонски го повикале да дојде во станот за да се договорат околу закупот на станот и да ги потпишат документите во врска со истото.

kidnapiraniiii

Кога оштетениот пристигнал во станот веднаш бил физички нападнат од А.А., по што бил врзан и 13 часа пријавените го држеле затворен во станот и при тоа за цело време на свиреп начин физички го малтретирале, нанесувајќи му повеќе телесни повреди по телото, изгореници со цигари, го терале да пие вода во која растварале некоја прашкаста материја и му задавале електро шокови со батериска направа. За цело време додека траело изживувањето тие го снимале со мобилни телефони, барајќи од него да признае дека ги измамил и да не го пријавува случјот во полиција, туку да каже дека го тепале непознати лица. По тринаесетчасовното свирепо малтретирање, пријавените му ја истрижиле косата на главата и со возило го однеле и го оставиле на улица во ценарот на градот од каде оштетениот успел со такси возило да стигне до ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан за понатамошно лекување.

Веднаш по дознавање за кривично правниот настан, А.А. и браќата Н.Љ. и Ж.Љ. од страна на полициски службеници на Единицата за прв одговор и интервенција АЛФА се лишени од слобода и во изјавите дадени во полициска станица во целост го објасниле начинот на кој го сториле делото.