Свет

13 демонстранти уапсени во Кина

13 демонстранти уапсени во Кина

Полицијата во Хонг Конг уапси 13 ученици-демонстранти откако се обидела да влезат во зградата на Владата. Полицијата спречи околу 150 демонстранти да се доближат до владината зграда. Меѓу уапсени е и лидерот на учениците демонстранти, 17-годишниот Џошуа Вон.

Во судирите меѓу полицијата и демонстрантите најмалку 28 лица се повредени.

Учениците протстираат поради правилата на Пекинг за изборите во Хонг Конг. Тие бараат оставка од тројцата највисоки административни претставници на Хонг Конг, како и да им биде дозволено на граѓаните да предложат свој кандидат на следните избори за главен администратор на реонот.

Протестите почнаа минатиот месец кога Пекинг донесе одлука за ограничување за именување на главен администратор во 2017 година. Исто така е предвидено кандидатот кој ќе биде избран од народот да биде именувам од централната Влада.