13 лица со симптоми на салмонела примени во Штипската болница

Во штипската болница веќе два дена се хоспитализирани 13 пациенти со симптоми на салмонела. Од примените пациенти три се деца на возраст од 6 до 11 години.

Според првичните неофицијални информации поголемиот дел од пациентите јаделе еклери, но од надлежните институции никој не соопштува каде биле купени еклерите.

Првите симптоми на салмонела кои треба да го вклучат црвеното светло се болки во стомакот,мачнина,повракање и дијареа.Неретко се јавува покачување на телесната температура,како и вратоглавици,жед и малаксаност.