13 – месечно бебе падна од балкон, итно пренесено на Детска клиника

Вчера во 15.55 часот во СВР Куманово, од Итната медицинска помош било пријавено дека на ул. „Егејска Македонија“ дошло до несреќен случај во кој 13-месечно бебе паднало од балкон.

Детето било пренесено во Јавната здравствена Куманово и по укажаната помош било пренесено во Детска клиника при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.