13. плата за само пет отсто од административците

Со 13. плата, Владата ќе ги наградува најдобрите пет отсто од најдобро оценети вработени во администрацијата согласно добиените оценки од граѓаните и од нивните претпоставени. Тоа значи, ако некоја институција има 100 вработени, најдобрите петмина ќе добијат една плата плус во годината, која треба да биде во висина на платата од претходната година.
Но, законска обврска на административците според новата законска регулатива ќе биде, еднаш годишно да поминат 40 часа обука, со цел, како најдобро, најбрзо и ефективно да се услужи граѓанинот.

Според министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, целта на промените во Законите за јавниот сектор и административни службеници, е јасно дистанцирање на таканаречените потребни од непотребните работни места.
Во иднина вработувањето ќе се базира само на знаење, тестови за познавање странски јазици, компјутерски вештини, логизми, интегритет. Нема да има ад хок уназадување или унапредување на вработени во администрацијата. Врз база на адекватни индикатори ќе се мери успешноста на вработениот, а оценувањето ќе биде многу по објективно.