13 знаци дека никогаш нема да ве ожени

13 знаци дека никогаш нема да ве ожени
13 знаци дека никогаш нема да ве ожени

Дали и вие сте наишле на кукавица која се плаши да се смири и која повеќе ужива во самотијата и акцијата со своите пријатели, отколку со вас? Доколку не сте сигурни време е добро да ја преиспитате вашата врска односно момчето со кое сте во моментов.

За да проверите дали и вашето момче е едно од нив на кои им се врти во главата од самиот збор брак ќе ви помогнат следните знаци.

Никогаш немал сериозна врска

Ако вашиот партнер речиси никогаш не зборува за поранешните девојки со кои излегувал, веројатно се плаши од обврски. Изразите „повремено излегувавме, но никогаш не бевме официјално заеедно“ нагласува дека никој не може да го скроти. Исто ќе зборува и за вас кога врската ќе заврши.

Никогаш не планира повеќе од еден ден нанапред

Тој никогаш не планира неколку денови однапред и најмногу што може да се обврзе е на еден ден. Главниот изговор му е дека сака да живее во моментот, но со тоа само потврдува дека со партнерката не планира ништо серизно. Бидејќи ако планира, би се гледал со неа и во блиска иднина.

За вас не зборува како за девојка

Исто како што не планира повеќе од еден ден однапред, мажот кој се плаши од обврски не размислува за вас како за девојка. Тој, истотака, не размислува за тоа што ќе правите за две недели ниту дали ќе ги запознае вашите родители. Задоволен е со постоењето, а размислувањето на заедничките години му носи страв во коски.

Кога сте со него никогаш не ја споменувате иднината

Ако во друштвото на партнерот постојано треба да внимавате што зборувате особено ако тоа се планови за иднина, со врската нешто не е в ред. Тоа е само уште една потврда дека нема намера некогаш да се смири и вие тука неможете ништо да промените. Не може некого да принудите да стане подобар, особено ако тоа тој не го сака.

Никогаш не одговара на пораки

Тој најчесто не одговара на пораки и повици, а и ако се јави, тоа најчесто е доцна навечер. Тоа значи дека партнерката не му важна колку тој на неа, но воедно може да значи и дека ве изневерува. Тој не сака другата страна да открие дека веќе е во врска и така дава впечаток дека е слободен, иако не е. Него најмногу го импонира тоа што никој не може да го заузда.

Секогаш ги исполнува само своите желби

При изборот на место за излегуање или филм, секогаш внимава одлуката нему да му одговара. Не се труди ниту малку да и угоди на својата партнерка затоа што секогаш себе си се става на прво место.

Не ве води на места каде може да сретнете некој познат

Ретко излегувате, а ако се случи тоа, води сметка тоа да е на место каде не можете да сретнете некој познат лик. Поради тоа сите излегувања се доцна навечер и во помалку познати места на кои речиси не постои можност да сретнете некого кого познавате.

Има премногу мани

Жените сакаат да ги „поправаат“ мажите, но ако партнерот има премногу мани, подобро е да го пуштите само да се поправи. Инаку, нема да може да се посвети на врската. Треба пред се’ да биде задоволен само со себе, за да може да функционира со парнерка.

Тој се уште е незрело момче

Се уште флертува со други жени, а потоа се прави невин. Сака да се расправа околу тоа бидејќи му дава на важност. Нему му одговара таков незрел однос во кој што глуми опасно момче, а неговата партнерка го кори за на крајот се’ да му прости.

Тој одредува колку често ќе се гледате

И по неколку месеци врска тој и понатаму донесува одлуки колку често ќе се гледате. Тоа значи дека сака да ги држи работите под контрола, а воедно си отвора можност да излегува и со други девојки. Сето тоа е јасен показател дека нема никакви сериозни планови со вас.

Не сака да се врзува

Ако постојано повторува како не може да се врзе со една жена, треба да му верувате. Малку е веројатно дека ќе се промени, бидејќи на крајот нему таквиот однос му одговара. Истовремено има некој покрај себе, а од друга страна е отворен за нови можности.

Вечен ерген

Негови идоли се вечните ергени кои според неговото мислење живеат со полни гради и не дозволуваат ниту една партнерка да ги скроти. Сака да знае во секој момент дека има избор, дека во исто време е слободен, а сепак има некој кој ќе биде со него кога ќе му затреба.

Не знае ништо други освен да ги искористува другите

На почеток е слаткоречив, но што го добие тоа што го сака, го менува своето однесување. Таквиот партнер многу веројано ве искористува, а потоа со тоа се фали на пријателите. Доколку тоа го препознавате, време е да му дадете корпа.

Ако климнавте со главата барем на половина од овие знаци можеби е време да му кажете на тој до вас дека е време да порасне и да стане вистински маж ако сака да ве задржи, ако не нека си ги собере парталите и нека бара некој друга што ќе сака да ги игра неговите игри.