Македонија

ВИДЕО: Ова ли е бомбата на Заев, прашува новинарот Васко Ефтов

ВИДЕО: Ова ли е бомбата на Заев, прашува новинарот Васко Ефтов

Новинарот и аналитичар Васко Ефтов, кој важи за близок до СДСМ, во дебатната емисија на Телма ТВ, вчеравечер, упати остра критика до лидерот на опозицијата Зоран Заев.

Тој јавно праша „ова ли е биомбата на Заев?“, алудирајќи дека нема ништо спектакуларно со последниот настан во Универзалната сала и дека неговите прес конференции поминуваат безначајно. Тој истакна дека ако ова беше најсилното тогаш трендот оди надоле, а Заев го очекува судење.

– Се плашам дека крешендото е постигнато и дека ако нема нешто спектакуларно повеќе од ова, крешендото е постигнато и ќе има само еден надолен тренд. А овој се спрема за судење, посочи Ефтов во дебатната емисија.