Шокаровски: Државната кардиохирургија е значаен проект за здравството

Пратеник во Собранието, Харалапмие Шокаровски ја поздрави одлуката на Владата да инвестира
и да основа Државна клиника за кардиохирургија.

„Државна Клиника за кардиохирургија е еден голем и значаен проект за македонското здравство. Оваа клиника беше најавувана од многу Влади во претходните децении, но конечно во следните години и ќе се оствари.Актуелните епидемиолошки податоци поврзани со стапката на морбидитет и морталитет, како и показателите за сериозноста на кардиоваскуларните заболувања ја потврдуваат потребата од основање на клиниката. Со отварањето на оваа клиника ќе се реши децениски проблем во македонското здравство кој многу претходни влади не успееја да го решат,“вели Шокаровски.

Како што е најавено, Клиниката за кардиохирургија ќе биде во Универзитетската клиника за кардиологија, во адаптиран простор од 600 метри квадратни, поделени на приемен дел, амбулантен дел, стационар со шест легла, оперативен блок со две операциски сали со субстерилизација и рикавери, како и интензивна нега со седум кревети. За овој проект се одвоени 43 милиони денари, а ќе се реализира за најмногу 4 месеци.

Оваа здравствена установа ќе биде опремена и со најсовремена опрема за вршење на кардиохируршка дејност, за која од буџетот ќе бидат обезбедени 106 милиони денари.
Во Државната клиника за кардиологија оваа година предвидено е да бидат извршени најмалку 50 операции, а за реализација на овој проект Министерството за здравство одвои 150 милони денари.

Паралелно со тие активности, на Медицинскиот факултет во Скопје ќе се отвори катедра по кардиохирургија. Најмалку десет специјализанти ќе се запишуваат секоја година на оваа катедра и на тој начин за неколку години ќе дојде до посериозен развој на кардиохирургијата во Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.