Маратонски преговори – За Порошенко условите од Москва се неприфатливи

Се уште нема добро вести од преговорите во Минск. Всушност засега нема никакви вести, но се уште постои надеж, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко.

Претседателите на Русија, на Украина и на Франција и германската канцеларка Владимир Путин, Порошенко, Франсоа Оланд и Ангела Меркел се обидуваат повеќе од 14 часа да постигнат договор за мирно решавање на кризата во Украина.

Порошенко додаде некои услови поставени од Москва се неприфатливи.

Претходно ТАСС, повикувајќи се на дипломатски извор близок до преговорите, јави дека преговарачкиот маратон во „нормандски формат“ во Минск ќе заврши со потпишување документ за прекин на конфликтот во Украина.

– Документот што ќе биде потпишан од претседателите на Русија, Украина и Франција и на германскиот канцелар, ќе има најмалку десет одредби. Не еважно како ќе се нарекува тој документ – декларација или изјава, но се претпоставува дека во него ќе бидат посочени конкретни мерки за разврска на ситуацијата, навел изворот.

Претставник на украинската делеграција на средбата синоќа соопшти дека лидерите на Франција, Германија, Русија и Украина подготвуваат заедничка декларација за поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Синоќа по двочасовна средба во тесен состав, лидерите на земјите од „нормандската четворка“, претседателите на Франција, Франсоа Оланд, на Русија, Владимир Путин и на Украина, Петро Порошенко и канцеларот на Германија Ангела Меркел, ги продолжија преговорите во проширен состав со учество на членовите на делегациите.

Четворицата лидери и домаќинот, белорускиот претседател Александар Лукашенко, по средбата во тесен состав излегоа со заедничка снимка.

Како и пред почетокот на средбата тие не дадоа изјави за новинари. По фотографирањето преговорите продолжија во проширен состав.

Контакт групата за Украина, составена од претставници на Украина, Русија, сепаратистите и ОБСЕ, исто така заседава во Минск, и подготвува документ за поддршка на планот за прекин на огнот во Минск од септември.

 

Фото: Бета/АП