Македонија

14 години од масакрот во Вејце

14 години од масакрот во Вејце

Пред 14 години, на денешен ден, кај тетовското село Вејце, загинаа осумина припадници на специјалните сили на МВР. Покрај осуммина убиени, имаше и шестмина повредени.

По тој повод денеска на три локации во Битола, во присуство на нивните соборци и најблиски роднини беше положено цвеќе во чест назагинатите полицајци.

Во нападот на полициската патрола загинаа Роберт Петковски од скопско Бунарџик, Бобан Трајковски од Куманово, Миле Јаневски  од Македонска Каменица, Игор Костески од Кисела Вода, Марјан Божиновски и Кире Костадиновски од битолско Горно Оризари, Бошко Најдовски од битолско Долно Оризари и Илче Стојановски од битолско Породин.