14 годишно девојче повредено во пожар во Прилеп

Утрово околу 5:30 избувнал пожар во семејната куќа на прилепското шестчлено семејство Смугрески на улица „Јоска Јорданоски“ бро 116.

Во пожарот е полесно повредено четиринаесетгодишно девојче.

Пожарот го зафатил подрумот, а во паника членовите на семејството што побрзо да излезат од куќата скокале низ прозорец при што полесно е повредено девојчето.

– Констатирано е дека е зафатен подрумот и дел од меѓукатната конструкција. Во визбата имало зимница и сандак за длабоко замрзнување, изјавил Станко Колески, командир на Прилепската противпожарна единица.

Штетите од пожарот се уште не се утврдени.