14-ти пораз во низа за Њујорк

Екипата на Њујорк ја продолжува негативната серија резултати во НБА лигата и ноќеска пред своите навивачи убедливо беше поразена од Хјустон со 24 поени разлика – 120:96.

Ова за тимот на Њујорк е 14. пораз во низа или на последните 25 натпревари имаат 24 порази.

Најефикасен на дуелот беше играчот на Хјустон, Џејмс Харден со 25 поени и 9 асистенции, а имаше солидна помош од Двајт Хауард кој забележа дабл-дабл од 13 поени и 10 скокови. На спротивната страна најефикасен беше Тревис Вер со 21 поен.

На другите два натпревари одиграни ноќеска Торонто – Шарлот 95:103 и Портланд – Мајами 99:83.