Балкан

140 килограми марихуана запленети во Албанија

140 килограми марихуана запленети во Албанија

Полицијата од северниот албански град Тепелена заплени 140 килогами марихуана, при што уапси едно лице, а трага по уште три други.

Како што јави дописникот на МИА, во акцијата „Луфтиње“, насловена по истоименото село каде што е пронајдна дрогата, при контрола на домовите на двајца браќа се откриени 24 вреќи со марихуана. При контролата запленета и автомаска пушка „калашников“.

Во едната куќа се пронајдени две вреќи со околу 25 килограми марихуана и нејзиниот сопственик е уапсен, додека при конролата во домот на неговиот брат се пронајени останатите 22 вреќи со околу 115 килограми марихуана. Во втората куќа е пронајдена и пушката.

Според полицијата, вториот брат и негоите двајца синови за време на контролата не биле дома, па по нив се трага поради „производство и промет на наркотични растенија“.

Иако полицијата од јуни спроведува акција за уништување на насади со марихуана и досега уништи над 80 илјади стебла, сепак од неодамна повторно зачсти шверцот на ова наркотично растение, кое шверцерите главно се обидуваат да го префлат во Италија и Грција.