Македонија

Собранието ја продолжува 82-та седница

Собранието ја продолжува 82-та седница

Собранието ја продолжува 82-та седница на која што ќе расправа за Предлог-одлуката за избор на претседател, заменик-претседател и членови на Комисијата за верификација на фактите.

На дневен ред се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за филмската дејност, по скратена постапка и Предлог-законот за дополнување на Законот за земање и пресадување на делови на човечкото тело заради лекување, во прво читање.

Пратениците треба да дискутираат и за предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности, на Законот за лековите и медицинските помагала, на Законот за здравствената заштита, на Законот за вработување и работа на странци, на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, на Законот за социјалната заштита, на Законот за агенциите за привремени вработувања, сите во прво читање.

Собранието треба да ги разгледа измените и дополнувањата на Законот за јавните патишта и на Законот за градење, и двата во прво читање. Треба да се расправа и за измените на Законот за поштенските услуги и на Законот за заштита на сведоци, поднесен од пратениците Павле Трајанов и Лилјана Поповска, и двата во прво читање.

На дневен ред на седницата е и Информацијата за висината, структурата, транспарентноста и намената на јавниот долг на Република Македонија, поднесена од пратениците од опозицијата.