Пожар во куќа во ресенското село Козјак

Пожар изби во куќа во ресенското село Козјак, објави битолската телевизија „Тера“.

Утринава во 2,50 часот по полноќ  противпожарната екипа на Ресен доби повик за интервенција врз опожарен објект во селото Козјак. Заради комплексност на условите при гасењето на пожарот во домот на 50-годишниот М.А., ниските температури и силниот ветер интервенирано е со четири возила и девет пожарникари, а во текот на интервенцијата побарана е и додатна помош од противпожарната екипа од Битола при што во гасењето на куќата се вклучи и возило со два пожарникари од Битола.

Во пожарот е направена голема материјална штета при што пожарот целосно ја уништил покривната конструкција на куќата и поголеми делови од двата катови при што е уништена и целата покуќнина во објектот. Семејството на М.А. навремено го напуштило објектот и моментално се сместени во нивните помошни објекти.

Опажарениот објект го посети и градоначалникот на општина Ресен, Ѓоко Стрезовски, кој истакна дека општината согласно своите надлежности и можности материјално ќе го помогне оштетеното семејство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.