143.370 евра донација од Македонците за поплавените во БиХ и Србија

Од трите телефонски оператори 070/075/077 за донации на Црвениот крст наменети за поплавените во Србија и Босна и Херцеговина, заклучно со денеска, собрани се  143.370 евра.

Црвениот крст на Македонија вчера од магацинот во Момин поток  го испрати првиот конвој на хуманитарна помош од 5 шлепери со околу 100 тона – во вредност  од 2.675.950 денари или 43.511 евра за настраданото население од поплавите во Србија. Целокупната активност е во координација со Црвениот крст на Србија и со учество на амбасадата на Република Србија во РМ. На 20.05.2014 од магацинот во Момин поток тргнаа 4 шлепери помош околу 80 тона –  во вредност од 1.503.443 денари или 24.446 евра за настраданото население во Босна и Херцеговина. Целокупната активност е во координација со Црвениот крст на Србија и со учество на амбасадата на Босна и Херцеговина.

Во текот на вчерашниот ден беа собрани околу: 50 тони храна, 25 тони хигиена, 2000 ќебиња, 5 тони млеко, 80 000 литри вода, 2 тона бебешка храна, 2000 пара обувки, 20 тона  употребувана облека, други намирници и останата материјална помош.

.