Почина новинарот Димитар Димитровски – Такец

Денеска рано изутрина, околу 9 часот, во Битола почина Димитар Димитровски – Такец, еден од најстарите дописници на „Нова Македонија“, објави весникот.

Димитровски почина во 93-та година од животот.

Освен со новинарство, Такец се занимаваше и со пишување поезија, сликарство, а беше познат  и по компонирањето на голем број песни.

Погребот на Димитар Димитровски-Такец ќе се одржи утре на Буковските гробишта во Битола.