15 години затвор за тројца кумановци кои убија мигрант од Бангладеш

Дваесет и деветгодишниот Јован Величковиќ, Сашо Лазаревски и  Дејан Петровски сите од селото Табановце, од Основниот суд во Куманово се осудени на по 15 години затвор, затоа што во јули минатата година убиле еден мигрант од Бангладеш, а тројца тешко повредиле, објави„Куманово њуз“

Според обвинението, убиството се случило на 16 јули во 1.30 часот по полноќ во селото Табановце. Тројцата осудени, ги пресретнале мигрантите, по што Величковиќ им наредил да застанат и испукал еден куршум од ловечка пушка во воздух.

Мигрантите се разбегале, но некој од групата фрлил камен кон него и го погодил во лицето. Величковиќ се налутил и пукал кон групата, при што убил еден мигрант од Бангладеш, а тројца ранил. Убиството го пријавил возач кој се движел кој минувал крај нив.

Ден подоцна напаѓачите се приведени и го признале делото, а пронајдена е и пушката која била сопственост на таткото на Јован Величковиќ. Обвинетите пред судот го негирале делото и тврдела дека ноќта тргнале да вадат компири во нива, по што биле нападнати од мигрантите. Психијатриското вештачење покажало дека сите тројца во време на убиството биле пресметливи.