Претставничкиот дом на САД усвои закон за доделување 15 милијарди долари за помош и обновување на штетите од ураганот Харви.
Освен тоа, Конгресот одобри зголемување на плафонот на долгот и финансирање на Владата, по што усвоените закони треба да бидат потпишани од претседателот Доналд Трамп.
Пратениците го усвоија законот со 316 гласа „за“ и 90 „против“. Иницијативата вчера беше изгласана и од Сенатот.
Откако Трамп ќе го потпише документот ќе се зголеми можноста за побарување кредити од страна на американската Влада и ќе се спречи банкрот, а со тоа ќе се обезбедат средства за помош на државата Тексас и обновување на штетите причинети од ураганот Харви.