Македонија

150.000 евра за новогодишно украсување на центарот на Скопје

150.000 евра за новогодишно украсување на центарот на Скопје

„Линк Медиа Плус“ и оваа година го доби тендерот за новогодишно украсување на Скопје,  вреден 10.169.491 денари или нешто повеќе од 150.000 евра.

Според тендерската документација, договорот ќе се реализира во две фази. Првата фаза предвидува украсување и светлосно декорирање на централното градско подрачје и на Плоштадот „Македонија“  во духот на модерното време и живеење, со високи естетски, уметнички и ликовни ефекти, запазувајќи при тоа унифициран концепт на целиот простор и истата треба да се заврши до 15-ти овој месец. Втората фаза опфаќа отстранување на украсната и светлосната декорација треба да се реализира од 15.01.2018 до 25.01.2018 година.

Освен декорација и украсување на градот компанијата има обврска и да изработи план за тоа какви украси ќе треба да се употребат и за локацијата на која ќе бидат поставени тие.

Инаку, изминатите години, тогашната опозиција, сегашна власт, ја критикуваше локалната власт за тоа што секоја година оваа фирма ги добивала тендерите за украсување на главниот град. Годинава, се чини, дека критиката ќе изостане, бидејќи и нејзините претставници се решија главниот град да го украсува истата фирма, за која со години држеа пресови.